ДУИ бара договор за албанска академија на државно ниво, власта ја смета за незаконска

t

Партиите на Албанците не се откажуваат од идејата за Албанска академија на науките и уметностите, иако Владата и коалициските партнери ги предупредуваат дека тоа води кон поларизација и етнизација.

ДУИ не се согласува со толкувањето тоа да биде невладина организација што ќе ја финансираат општините во кои мнозинство се од албанската заедница. Бараат јавна дебата и одлучување на државно ниво.

-Ние не знаеме ни каков е предлогот. Немаше ни јавна дебата и не можеме да одлучиме за нешто што не знаеме ни за што се работи. Работите треба да се решаваат на државно, не на локално ниво. Знаеме ние руралните општини колкав буџет имаме! Треба една унификација да имаме меѓу локалната власт, ЗЕЛС и централната власт, рече градоначалникот на Липково Еркан Арифи.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински објаснува дека сите приходи на општините треба да се користат за надлежности кои се законски пропишани.

-Во тие надлежности Албанска академија на науките и уметностите не стои. Општината има можност да финансира здруженија и невладини организации, но и тие здруженија и невладини треба на некој начин да ги спроведуваат основните надлежности за кои таа локална самоуправа постои, што значи дека ако точно се чита законот, законска можност за вакво нешто – нема!, вели министерот Златко Перински во интервју за МИА.

Изет Меџити, еден од лидерите на владеачката „Вреди“ ја објаснува Академијата како „еволуција на нашето општество“ и прави споредби со Европската академија.

-Европската академија на науките и уметностите е дефинирана како непрофитна организација финансирана од локалната самоуправа. За оние кои ќе се спротивстават, да потсетам дека меѓу членовите е и поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Значи, Академијата не е закана туку можност! Треба демистифицирање и размислување надвор од кутијата што не држи како заложници од минатото, напиша Изет Меџити на социјалните мрежи.

Албанската академија на науките и уметностите е изборно ветување на „Вреди“. Пред неколку месеци беше формирано здружение со вакво име. Поради противењето на паралелна академија врз етничка основа, општините Чаир, Тетово, Гостивар и Желино ветија дека тие ќе ја финансираат, но СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ најавија дека советниците од нивните партии воопшто нема да ги гласаат општинските буџети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ бара договор за албанска академија на…

Партиите на Албанците не се откажуваат од…

Маск дава секој ден по еден милион…

Милијардерот Илон Маск му додели 1 милион…

Србија: Одададена почит на 1.300 Македонци од…

Во организација на здружението Кочо Рацин од…

Миленко тука ли е? Вардар загуби и…

Вардар остана претпоследен на табелата откако го…

Исчекување или надежта никогаш не умира

Насловот на оваа колумна е наменет исклучиво…