Миленко тука ли е? Вардар загуби и од Беса, ќе има ли одговорност?
Вардар остана претпоследен на табелата откако го загуби натпреварот со Беса од Добридол со 2-1.
Есати во првиот дел ги доведе домаќините во водство кое беше актуелно се до 73. минута кога Омерагиќ погоди за изедначување. Сепак, Фетаи само четири минути подоцна го постигна победничкиот гол за Беса.
Ова беше четврти пораз во низа на Вардар. Уште еднаш ,,големите” засилувања на Вардар одиграа бледо, токму пред очите на Неделковски кој тврдеше дека биле ,,супер’’ засилувања.
Останува да видиме дали и по оваа бламажа ќе има одговорност од управата на ФК Вардар, или ќе продолжат по старо, односно ќе казнуваат играчи.
Хемија во Вардар нема благодарение на оваа управа, тоа е јасно како ден!
ТАБЕЛА: Работнички 22, Шкендија 19, Силекс 17. Гостивар 17, Струга 15, Шкупи 13, Беса 12, Брера 12, Пелистер 11, Тиквеш 11, Тиквеш 8, Вардар 7, Воска 6
Фото: ФК Вардар
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руте: Стоиме солидарни со Германија по руските…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте преку…
Војната ескалира: САД започнаа нови напади врз…
Војската на Соединетите Американски Држави соопшти дека…
Германија ја обвини Русија за нападот со…
Германија официјално ја обвини Русија за организирање…
Татко го нападнал малолетниот син, мајката вели…
Триесет и петгодишен маж од скопско е…
„Ако знаеле, зошто не постапиле – 63…
Здружението 16 март 2025 реагира на денешното…