ДУИ: Нашиот помал партнер во Владата, ВМРО-ДПМНЕ сее страв и лажни вести

t

Денешните пропагандистички и панични реакции на нашиот помал партнер во Владата, ВМРО ДПМНЕ служат само за поттикнување на забуни и се во функција на нивната кампања на сеење страв преку лажни вести, велат од ДУИ како реакција на денешното соопштение од партијата на Христијан Мицкоски.

Според партијата од Мала Речица, Владата на Република Македонија е легитимна, демократски избрана, стабилна, и е во сигурни раце, под раководство на Европско ориентирани партии. Додаваат дека земјата е во сигурни раце и на прав пат, кон полноправно членство во Европската Унија и во стратешко партерство со САД.

-Недржавничкото постапување во Собранието на опозоцијата докажа дека ВМРО ДПМНЕ не го почитува ниту граѓаните, ниту законите, ниту уставот, се вели во соопштението на ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинија дека „СДСМ дозволи уште едно понижување на македонскиот народ, само за да си ги спасат фотелјите и коруптивните зделки“.

-Талат Џафери е синоним за политичар и личност, кој е недостоен да биде на ова место. Човек кој е близок со криминалното подземје, каде често и се слика со нив, човек кој по потреба ги кршеше законите и Деловникот во Собранието, човек кој си ја вработи ќерката во ЕЛЕМ, а синот полагаше правосуден испит без диплома за завршен факултет, човек кој го блокираше и законот за бранителите, со читање на поезија од говорница, порачаа меѓу другото од партијата.

Досегашниот премиер Димитар Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери, претседател на техничката влада. На заминување додаде дека изминатите две години додека бил на функцијата не биле лесни и се пофали дека со владините мерки бил воспоставен систем кој функционира во време на криза. Џафери, пак, повтори дека преодната влада ќе биде транспарентна и ќе работи во служба на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…

Во два наврата претходно за време на…

ДУИ бара сеопфатен ветинг на сите јавни…

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше…

ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…

„ДУИ како државотворна партија е гарант за…

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…

ДУИ за кривичната пријава против Бектеши: Го…

Откако поранешниот министер за економија Крешник Бектеши…