Одбројани им се деновите на “огнените” во ДУИ
ДУИ не ја признава фракцијата на „огнените“. Генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети, во гостување на Алсат рече дека фракцијата е спротивна на статутот на партијата. На прашањето дали по одлуката на „огнените“ за фракционерско дејствување тие ќе бидат исклучени од партијата, Ахмети рече дека ќе постапат според статутот, што имплицира дека на членовите на фракцијата им се избројани деновите во партијата.
„Врз основа на статут кој е во сила, ние не го признаваме начинот на фракционирање во ДУИ, тоа е спротивно на статутот, додека статутот е главниот елемент што дефинира како треба да се однесуваме во партијата“, изјави Фатон Ахмети, генерален секретар на ДУИ
На прашањето дали тоа значи значи „за“ или „против“?
„Ќе се однесувам согласно статутот, согласно органите, согласно анализите и извештаите што ги прават нашите органи. Јас сум легалист, ги почитувам извештаите, документите што ги донесовме и моето однесување е во согласност со документите што самите ги одобривме“, изјави Фатон Ахмети, генерален секретар на ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ бара сеопфатен ветинг на сите јавни…
Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше…
ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…
„ДУИ како државотворна партија е гарант за…
ДУИ за кривичната пријава против Бектеши: Го…
Откако поранешниот министер за економија Крешник Бектеши…
ДУИ предупредува: Се руши демократскиот поредок на…
По сериозните закани и насилни пораки упатени…
ДУИ КОНТРА ВЛЕН ЗА „АЛБАНСКА АКАДЕМИЈА“: Квази…
И ова се случи, во екот на…