Одбројани им се деновите на “огнените” во ДУИ

t

ДУИ не ја признава фракцијата на „огнените“. Генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети, во гостување на Алсат рече дека фракцијата е спротивна на статутот на партијата. На прашањето дали по одлуката на „огнените“ за фракционерско дејствување тие ќе бидат исклучени од партијата, Ахмети рече дека ќе постапат според статутот, што имплицира дека на членовите на фракцијата им се избројани деновите во партијата.

„Врз основа на статут кој е во сила, ние не го признаваме начинот на фракционирање во ДУИ, тоа е спротивно на статутот, додека статутот е главниот елемент што дефинира како треба да се однесуваме во партијата“, изјави Фатон Ахмети, генерален секретар на ДУИ

На прашањето дали тоа значи значи „за“ или „против“?

„Ќе се однесувам согласно статутот, согласно органите, согласно анализите и извештаите што ги прават нашите органи. Јас сум легалист, ги почитувам извештаите, документите што ги донесовме и моето однесување е во согласност со документите што самите ги одобривме“, изјави Фатон Ахмети, генерален секретар на ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: На Воената академија – 0 кадети…

Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение…

ДУИ бара брзи предвремени парламентарни избори!

ДУИ бара брзи предверемени избори по победата…

(Видео) ДУИ ја прославува победата во Брвеница

Демократската унија за интеграција (ДУИ), како предводник…

Официјално: Кандидатот на ДУИ победи во Брвеница

Кандидатот на ДУИ, Аркин Јахиј, победи во…

(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…

Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…