ДУИ: Целта е Македонија да стане дел од Европската Унија, без притоа воопшто да се спомене поделба

t

Демократската Унија за Интеграција најостро реагира на тенденциозните наслови и интерпретации кои се појавија во дел од медиумите, со тврдења за наводна поделба на државата. Таквите квалификации се неточни и искривуваат јасна и недвосмислена порака, објави 4NEWS.mk

„Во изјавата беше потенцирано дека целта е Македонија да стане дел од Европската Унија, без притоа воопшто да се спомене поделба.

ДУИ сака да потсети дека и покрај сите напади и пропаганда во изминатите децении, останува доследна на својата визија: Македонија да биде унитарна, заедничка и еднаква држава – не поделена, туку секогаш наша заедничка татковина.

Апелираме до медиумите за професионално и одговорно известување, кое нема да поттикнува погрешни перцепции и недоразбирања кај граѓаните“, велат од ДУИ во реакцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Целта е Македонија да стане дел…

Демократската Унија за Интеграција најостро реагира на…

Николоски: Радарот на Скопскиот аеродром повоторно во…

Радарот на Скопскиот аеродром утрово повторно е…

Филипче: Ги дефиниравме црвените линии за национален…

„Јазикот, идентитетот, историјата и културните особености се…

Додик: Доаѓањето на Марта Кос во Сараево…

Доаѓањето на Марта Кос во Сараево претставува…

Зеленски изјави дека е подготвен да се…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека…