ДУИ: Целта е Македонија да стане дел од Европската Унија, без притоа воопшто да се спомене поделба
Демократската Унија за Интеграција најостро реагира на тенденциозните наслови и интерпретации кои се појавија во дел од медиумите, со тврдења за наводна поделба на државата. Таквите квалификации се неточни и искривуваат јасна и недвосмислена порака, објави 4NEWS.mk
„Во изјавата беше потенцирано дека целта е Македонија да стане дел од Европската Унија, без притоа воопшто да се спомене поделба.
ДУИ сака да потсети дека и покрај сите напади и пропаганда во изминатите децении, останува доследна на својата визија: Македонија да биде унитарна, заедничка и еднаква држава – не поделена, туку секогаш наша заедничка татковина.
Апелираме до медиумите за професионално и одговорно известување, кое нема да поттикнува погрешни перцепции и недоразбирања кај граѓаните“, велат од ДУИ во реакцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шпанија во жалост: 69 загинати во судир…
Бројот на загинати во железничката несреќа во…
Студентската листа бара оставки и пријавување на…
Претставници на Студентската листа и на студентите…
Брнабиќ: Претседателските избори ќе ги распишеме до…
Потпретседателката на Главниот одбор на Српската напредна…
(Видео) Масовни протести во Италија: Десетици илјади…
Инспирирани од бранот слични протести низ остатокот…
Карни: Канада ќе учествува во заемот на…
Канадскиот премиер Марк Карни денеска изјави дека…