ДУИ ѝ се заблагодари на дијаспората за гласањето

t

Во име на ДУИ изразуваме благодарност и почит кон секој граѓанин, особено кон дијаспората кои денеска го искористија демократското право на глас со одговорност и достоинство. Овие избори беа повеќе од локална трка, тие беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата, порача потпретседателот на ДУИ Арбр Адеми.

-Успешно се соочивме со нечесна и незаконска кампања која го оцрни процесот и ја наруши еднаквоста на изборната трка. Сведоци сме на изборен асфалт, ноќно бетонирање, купување гласови и брутална вмешаност на државниот апарат во корист на власта. И покрај сето тоа, граѓаните покажаа дека знаат да препознаат и не дозволија резултатот да биде искривен во првиот круг, а убедени сме дека нема да биде искривен ни во вториот – изјави Адеми.

Адеми ги повика членовите на Државната изборна комисија (ДИК), набљудувачите и институциите да постапуваат со чесност и одговорност.

-Во оваа чувствителна фаза на процесот, повикуваме секој член на ДИК, секој набљудувач и институција – со чесност и одговорност да ја гарантираат слободната волја на граѓаните и интегритетот на изборниот процес. Секој глас е свет, а секое мешање во него е мешање во иднината на државата – порача тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ ѝ се заблагодари на дијаспората за…

Во име на ДУИ изразуваме благодарност и…

ВЛЕН и ДУИ отворено соработуваат во три…

*Објава на Фејсбук на пратеничката Јована Мојсоска…

Адеми: Не точно дека Али Ахмети се…

Дезинформација е дека лидерот на ДУИ Али…

Историски најниска излезност на локалните избори: За…

Одѕивот на изборите за градоначалници и советници,…

ОФИЦИЈАЛНО: Mециновиќ и Ѓорѓиевски во борба за…

На 99,94% од обработените податоци согласно Државната…