ДУИ ѝ се заблагодари на дијаспората за гласањето

t

Во име на ДУИ изразуваме благодарност и почит кон секој граѓанин, особено кон дијаспората кои денеска го искористија демократското право на глас со одговорност и достоинство. Овие избори беа повеќе од локална трка, тие беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата, порача потпретседателот на ДУИ Арбр Адеми.

-Успешно се соочивме со нечесна и незаконска кампања која го оцрни процесот и ја наруши еднаквоста на изборната трка. Сведоци сме на изборен асфалт, ноќно бетонирање, купување гласови и брутална вмешаност на државниот апарат во корист на власта. И покрај сето тоа, граѓаните покажаа дека знаат да препознаат и не дозволија резултатот да биде искривен во првиот круг, а убедени сме дека нема да биде искривен ни во вториот – изјави Адеми.

Адеми ги повика членовите на Државната изборна комисија (ДИК), набљудувачите и институциите да постапуваат со чесност и одговорност.

-Во оваа чувствителна фаза на процесот, повикуваме секој член на ДИК, секој набљудувач и институција – со чесност и одговорност да ја гарантираат слободната волја на граѓаните и интегритетот на изборниот процес. Секој глас е свет, а секое мешање во него е мешање во иднината на државата – порача тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: На Воената академија – 0 кадети…

Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение…

ДУИ бара брзи предвремени парламентарни избори!

ДУИ бара брзи предверемени избори по победата…

(Видео) ДУИ ја прославува победата во Брвеница

Демократската унија за интеграција (ДУИ), како предводник…

Официјално: Кандидатот на ДУИ победи во Брвеница

Кандидатот на ДУИ, Аркин Јахиј, победи во…

(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…

Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…