Думата разгледува конечно влегување на украинските региони во Руската Федерација: Зеленски ветува дека ќе ги ослободи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вети дека ќе врати од руските сили повеќе области во источниот дел на Донбас.
„Оваа недела повеќе украински знамиња беа подигнати во Донбас. За една недела ќе ги има уште повеќе“, рече тој во вечерното обраќање.
Украинската армија почна да се движи кон клучниот источен град Лиман. Министерството за одбрана објави видео на кое војниците подигаат жолто-сино украинско знаме таму.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека ги „повлекла“ своите војници од градот „во поповолни линии“.
Зеленски им рекол на Русите дека ќе бидат „убиени еден по еден“ се додека претседателот Владимир Путин е на власт, пренесе АФП.
„Додека сите вие не го решите проблемот на оној кој го започна сето ова, кој ја започна оваа бесмислена војна против Украина, ќе бидете убиени еден по еден“, рече тој, нарекувајќи ја војната „историска грешка за Русија“.
Во меѓувреме денеска во руската Државна Дума влегоа во процедура на ратификација предлог-законите за припојување на Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон кон Руската Федерација.
Виктор Водолацки, првиот заменик претседател на Комитетот за прашања на ЗНД за руските медиуми кизјави:
„Да, договорите пристигнаа, ќе бидат разгледани утре наутро“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Русија не се задоволува со примирје…
Русија нема да прифати само воспоставување примирје…
Украина најде одговор за рускиот Орешник?
Британскиот весник „Економист“ на 23 декември 2024…
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Трамп номинираше противник на воената помош за…
Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…