Објавено на:

Думата разгледува конечно влегување на украинските региони во Руската Федерација: Зеленски ветува дека ќе ги ослободи

t

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вети дека ќе врати од руските сили повеќе области во источниот дел на Донбас.

„Оваа недела повеќе украински знамиња беа подигнати во Донбас. За една недела ќе ги има уште повеќе“, рече тој во вечерното обраќање.

Украинската армија почна да се движи кон клучниот источен град Лиман. Министерството за одбрана објави видео на кое војниците подигаат жолто-сино украинско знаме таму.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека ги „повлекла“ своите војници од градот „во поповолни линии“.

Зеленски им рекол на Русите дека ќе бидат „убиени еден по еден“ се додека претседателот Владимир Путин е на власт, пренесе АФП.

„Додека сите вие ​​не го решите проблемот на оној кој го започна сето ова, кој ја започна оваа бесмислена војна против Украина, ќе бидете убиени еден по еден“, рече тој, нарекувајќи ја војната „историска грешка за Русија“.

Во меѓувреме денеска во руската Државна Дума влегоа во процедура на ратификација предлог-законите за припојување на Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон кон Руската Федерација.

Виктор Водолацки, првиот заменик претседател на Комитетот за прашања на ЗНД за руските медиуми кизјави:
„Да, договорите пристигнаа, ќе бидат разгледани утре наутро“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…