ДУПКИ на патот Градско-Дреново по само еден месец откако Мицкоски сечеше лента за пуштање во употреба!

Еден месец по пуштањето во употреба на делницата Грдаско-Дреново, на патот веќе можат да се забележат дупки и други поголеми оштетувања, јавуваат гледачи на Инфомакс кои до нашата редакција испратија и фотографии од состојбата на патот.
Како што можете да видите на фотографиите во продолжение, по еден месец од свеченото сечењ на летна од страна на Мицкоски, веќе треба да се почне со крпење на делницата.


Мицкоски свечено го пушти во употреба експресниот пат на 14 јануари, кога во изјава за медиумите истакна дека:
„Ќе продолжиме и понатаму да ги развиваме проектите, тоа е многу значајно за нас бидејќи ние сме земја која што во суштина нема излез на море, не изобилува со некои ресурси како нафта и гас и тоа во одредена смисла на зборот претставува некаков недостаток. Но, тоа кое што ние го имаме, другите балкански земји го немаат, а тоа е дека ние сме природна раскрсница на многу важни два паневропски коридори. Тоа се Коридор 8 и Коридор 10“. На тој начин ние правиме подобри услови за граѓаните и на тој начин ние ќе продолжиме да работиме затоа што само така ќе покажеме дека принципот како до сега заврши и остана на една друга страна од нашето минато и дека сега е моментот кога ја градиме државата и на тој начин Македонија се сака со дела и Македонија ќе биде повторно горда“, истакна Мицкоски.
Кој треба да сноси одговорност за ваквата состојба на патот по само еден месец употреба треба да си проверат надлежните органи, дали компанијата која го градела, претходната или актуелната власт, ЈПДП… Прашање е дали пред пуштање во употреба на делницата некој го проверил квалитетот на изработеното или можеби се брзало за и тој ден да има една објава на социјалните мрежи?
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…
ЈПДП реагираше по текст на Инфомакс: Експресно…
Јавното претпријатие за државни патишта утрово експресно…
ДУПКИ на патот Градско-Дреново по само еден…
Еден месец по пуштањето во употреба на…
Мицкоски ги замолил Грција и Бугарија за…
Христијан Мицкоски барал безусловна поддршка од Грција…
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…