Дури и во Косово одбиле да му ја нострифицираат дипломата на Тик-Ток анестезиологот од Тетово

t

Петочлена комисија од еминентни професори од Катедрата на анестезија на Медицинскиот факултет на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во 2014 година двапати се повлекла и одбила да му ја нострифицира специјализацијата од Косово на „ТикТок анестезиологот“ д-р Ваљтон Дервиши, осмничен за несовесно работење во службата и неовластено снимање. Откако не добила документи, комисијата не донела одлука за нострификација, по што се повлекла, меѓу другото и поради политички притисоци од партиски моќници.

пецијализацијата, според извори на САКАМДАКАЖАМ.МК во Министерството за здравство, му е потпишана во 2015 од тогашниот министер Никола Тодоров.

Анестезиологот пред неколку денови на Тик-Ток објави видео во кое се гледаат и пациентките на тетовската гинекологија.

Тој е во притвор и се соочува со можност Лекарската комора да му ја одземе лиценцата за работа на најдолго седум години, но претходно му е дадена еднонеделна можност да се брани од обвинението, посочи на вчерашната прес-конференција претседателката на Комората.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид…

Недим Бајрами, играчот од средниот ред на…

Насилник од Тетово му се заканувал на…

43-годишен жител на Тетово ќе одговара за…

Mедициските сестри од Тетово најавија протест во…

На медицинските сестри од Клиничката болница Тетово,…

Во голем дел од тетовско утре ќе…

Утре, 3 јуни 2025 година (вторник), повеќе…

Тетовските медицински сестри три месеци без плата…

Десетици медицински сестри и техничкиот персонал од…