Дурмиши не бил во маркет и не ги видел цените дека нема намалување, велат од СДСМ
Единствено граѓаните почувствуваа само разочарување. Симболични 57 денари, ете толку била заштедата на граѓаните за еден месец, порачаа попладнево од СДСМ за завршената мерка за ограничени маржи, која го доби името „есенска потрошувачка кошница“.
Од најголемата опозициска партија му порачуваат на министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши дека „очигледно не бил во маркет, не ги видел цените дека нема намалување и дека најголемиот дел од производите останаа со исти цени“.
-Тоа што само за неколку производи се намалија цените со незначителни суми е најголема потврда за неефикасната мерка, која беше лошо осмислена и им дозволи на трговците прво да ги зголемат цените пред да стапи на сила. Нереалните трошоци кои ги имаат граѓаните заради слабите политики на Владата на Мицкоски и нереалните цени се товар семејствата и родителите секој ден, наведуваат од СДСМ.
До 1.360 денари заштеда по семејство овозможи есенската кошничка. Мерката беше спроведена успешно и ги даде очекуваните резултати, рече денеска Дурмиши.
-Нашите податоци кажуваат дека искажано во заштеда во пари за едно четворочлено семејство, на месечно ниво заштедата од ограничените маржи и намалените цени на дел од производите изнесува од 690 ден до 1.360 ден по семејство, во зависност од начинот на исхрана, како и од изборот на маркети каде што се набавува истата. Тоа го потврдуваат и податоците на Синндикатите од нивната синдикална кошница каде што во октомври во делот на храна и пијалоци е намалена за 935 денари, изјави министерот за економија.
Очекува од ноември дополнително намалување на цените зашто почна примената на Законот за трговски практики. Според него, со есенската кошничка се спречи наглото зголемување на цените.
Дурмиши најави Божиќна кошничка кон крајот на годината, а потоа, рече, ќе има и рамазанска, велигденска. Кошничките ќе се однесуваат на различни производи зависно од потребите на граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дурмиши не бил во маркет и не…
Единствено граѓаните почувствуваа само разочарување. Симболични 57…
(Видео) СДСМ најави закон: Премиер, министри, пратеници…
СДСМ најавува иницијатива за законски измени со…
Освен лажните сертификати, Христовски нема ниту 5…
Скандалот со незаконското поставување директор на АНБ…
СДСМ: Нема никаква измена во планот –…
Нема никаква измена во планот за градба…
СДСМ: Каде бил Христовски на денот кога…
МВР и Тошковски и во случајот со…