Д-р. Добрила Андоновска: ГРОМ ќе се залага за изградба на пет старечки домови ширум државата и 10 геријатриски центри
Денеска сме во посета на Старскиот дом ,,Мајка Тереза” во Скопје, кој работи во склоп на Геријатрискиот центар 13 Ноември – Скопје.
Старскиот дом Мајка Тереза е единствен државен старски дом во Скопје и згрижува само 75 лица. Во Македонија постојат само 4 државни старски домови од ваков тип: Скопје, Куманово, Битола, Прилеп и Берово со вкупен капацитет од 650 – 700 стари лица, истакна денеска носителката на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица еден, д-р. Добрила Андоновска.
– Македонија има итна потреба од 15 Старечки домови. Друг и многу сериозен е проблемот со Геријатриските центри. Во Македонија постои само еден Геријатриски центар во Скопје. Состојбата е алармантна земајќи во предвид дека младите луѓе масовно се иселуваат од државата и популацијата старее.
Старите лица мора да се згрижат.
Ќе инсистираме за нови 15 Старечки домови ширум државата и 10 геријатриски центри кои за почеток би биле во склоп на општите болници кои може да ослободат 30 – 40 болнички кревети за оваа намена, со што би имале и медицински третман.
При посетата разговаравме со раководителот на старскиот до г-дин. Драган Павлов и ги скениравме сите проблеми. Воедно го посетивме и штандот на рачни ракотворби на жените сместени во домот и купивме ракотворби со желба да се помогне на нашите драги сограѓани, истакна Андоновска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…