Д-р. Добрила Андоновска: ГРОМ ќе се залага за изградба на пет старечки домови ширум државата и 10 геријатриски центри

t

Денеска сме во посета на Старскиот дом ,,Мајка Тереза” во Скопје, кој работи во склоп на Геријатрискиот центар 13 Ноември – Скопје.

Старскиот дом Мајка Тереза е единствен државен старски дом во Скопје и згрижува само 75 лица. Во Македонија постојат само 4 државни старски домови од ваков тип: Скопје, Куманово, Битола, Прилеп и Берово со вкупен капацитет од 650 – 700 стари лица, истакна денеска носителката на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица еден, д-р. Добрила Андоновска.

– Македонија има итна потреба од 15 Старечки домови. Друг  и многу сериозен е проблемот со Геријатриските центри. Во Македонија постои само еден Геријатриски центар во Скопје. Состојбата е алармантна земајќи во предвид дека младите луѓе масовно се иселуваат од државата и популацијата старее.

Старите лица мора да се згрижат.

Ќе инсистираме за нови 15 Старечки домови ширум државата и 10 геријатриски центри кои за почеток би биле во склоп на општите болници кои може да ослободат 30 – 40 болнички кревети за оваа намена, со што би имале и медицински третман.

При посетата разговаравме со раководителот на старскиот до г-дин. Драган Павлов и ги скениравме сите проблеми. Воедно го посетивме и штандот на рачни ракотворби на жените сместени во домот и купивме ракотворби со желба да се помогне на нашите драги сограѓани, истакна Андоновска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…