Д-р Лазаров со осуда за инцидентот: Додека пациенти чекаат операции на отворено срце, цела кардиохирургија под стрес од професорот насилник
Откако СВР Скопје, денеска излезе со соопштение дека вработен на Клиниката за кардиохирургија, со иницијали С.Ј. прво вербално нападнал медицинска сестра, а потоа физички го нападнал М.Ш. (директор на клиниката), се појавија низа на реакции и осуди на социјалните мрежи, а еден од нив беше и доктор Ненад Лазаров, кој често знае да проговори отворено на својот Фејсбук профил за секојдневно – актуелните теми во земјава.
Овојпат тој јавно побара одговорност од институциите, апелирајќи веднаш да реагираат и да стават стоп на ваквите физички пресметки поттикнати од „насилници“ во јавните институции.
-Цела кардиохирургија под стрес од професорот насилник што пред пациенти физички напаѓа колега физотерапевт па по ред сите останати, додека течат тешки операции на отворено срце! Па полиции цел ден во клиника што ни е перјаник на здравство заради е ЕДЕН ЧОВЕК. Веднаш да ги заштитите персоналот, тие се национално богатство, човекот очигледно не е при свест, мене искрено ми е неверојатно што слушам и е многу сериозен инцидент.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел им забрани на граѓаните да ја…
Израел им забрани на своите граѓани да…
Успешна евакуација на првата група македонски државјани…
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…
Додека на Блиски Исток се распоредуваат дополнителни…
Американскиот портал „Аксиос“ повикувајќи се на тројца…
ЗНАМ И ДПМНЕ ПОБЕГНАЛЕ ОД СЕДНИЦАТА! Успешен…
*Успешен третиот обид на Левица за надзорна…
Скопјанец со возило сакал да ја прегази…
Уште еден случај на семејно насилство во…