ЕВАКУИРАНА ПСИХИЈАТРИСКАТА БОЛНИЦА ВО БАРДОВЦИ ПОРАДИ ПОЖАР КОЈ СЕ ПРОШИРИЛ ОД НАСЕЛБАТА ГЕГЕ И ГО ЗАФАТИЛ ДВОРОТ
Евакуирани се пациентите и вработените во Психијатриската болница во Бардовци поради пожар. Како што информираат од Центарот за управување со кризи, пожарот избувнал во населбата Геге, се проширил кон населбата Бардовци и зафатил дел од површината на дворот на болницата, обраснат со висока сува трева и дрвја.
„Пожарот претставуваше опасност да се прошири во целиот комплекс на болницата. Веднаш беше пристапено кон евакуација на пациентите и персоналот, кои беа безбедно изнесени надвор од кругот на болницата“, велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од ЦУК биле побарани дополнителни сили од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) и помош од хеликоптерската единица на Министерството за внатрешни работи.
„Првично се разгледуваше можноста за пренасочување на воздушната поддршка, која дејствуваше во Општина Чучер Сандево кај Блаце, за да помогне во гаснењето на пожарот во Бардовци. Но, во моментот, пожарот е ставен под контрола и нема потреба од дополнителна воздушна поддршка. Хеликоптерот на МВР останува ангажиран кај Блаце“, велат од ЦУК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕВАКУИРАНА ПСИХИЈАТРИСКАТА БОЛНИЦА ВО БАРДОВЦИ ПОРАДИ ПОЖАР…
Евакуирани се пациентите и вработените во Психијатриската…
Потресен апел од Кочани: Ивона не беше…
Семејството на 21-годишната Ивона Антова, една од…
Борис Тадиќ: Власта во Србија го урна…
Во интервју за Данас како единствен излез…
Преку Support Kocani набавена и втора пратка…
Support Kocani ја исплати во целост фактурата…
Хеликоптер во акција за гаснење на пожарот…
Хеликоптер од Министерството за внатрешни работи веќе…