Преку Support Kocani набавена и втора пратка компресивна облека за 17 повредени во „Пулс“
Support Kocani ја исплати во целост фактурата за втората пратка компресивна облека во износ од 283.802 денари, објавија од организацијата.
Во оваа пратка се вклучени 43 парчиња компресивна облека, изработени по мерка за 17 лица.
– Очекуваме облеката да пристигне во Македонија понеделник навечер, а веќе во вторник ќе биде доставена до болницата во Кочани. Со оваа фактура, вкупниот износ за компресивна облека што го покривме изнесува 23.560,37 евра, односно 1.207.260 денари. Благодарност до сите што донираат. Секој ден, секоја донација, секоја споделена порака прави разлика. Во време на болка, солидарноста е најголем лек.
Никој нема да биде сам. Делата зборуваат многу погласно од зборови, се вели во објавата од Support Kocani.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на…
„Добар ден на сите, би сакал да…
ЈО за отворање случај за Алта банка:…
Јавното обвинителство оформува предмети врз основа на…
Бабата на убиецот од Краков: Бил одличен…
Бабата на 24-годишниот Михал О., осомничен за…
Мицкоски: Очекувам аукцијата за отуѓување на акциите…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување…
Приведен е братот на Виктор Орбан осомничен…
Братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан,…