Објавено на:

Евгениј Пригожин го послужувал Џорџ Буш во Санкт Петербург

t

Екс американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека неодамна открил дека еднаш во рускиот град Санкт Петербург вечерва го послужил сега веќе покојниот лидер на групата Вагнер, Евгениј Пригожин.

Буш преку видеоврска учествуваше на конференцијата Јалта европска стратегија, каде го прашаа за смртта на Пригожин во авионска несреќа во Русија.

„Она што ме шокираше е тоа што пред некој ден видов слика од самитот на Г8 во Санкт Петербург на која видов дека Пригожин е типот што ми ја сервирал храната. Тој бил готвачот. Знам само дека преживеав“, рече тој.

Буш говореше за фотографии од средбата од 2006 година, на кои во заднината се гледа Пригожин, пишува Киев пост.

Но, тоа не било нивната единствена средба, затоа што Пригожин е и на фотографијата од друга средба што се одржала четири години претходно.

Буш изјави дека САД треба да ја поддржат Украина додека Русија не биде протерана од целата окупирана територија и дека не треба да се обидуваат да ѝ наметнуваат мировни планови на украинската влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…

Производителите на пченица се во загуба ако…

Благојче Богоески е млад земјоделец од село…

Премиерот повторно излажа: За учество на избори…

Да се тврди дека зголемувањето на прагот…

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…