Еве зошто Мицкоски и Владата не смееа да се извинуваат – експерт открива, Османи ги прекршила сите правила!

t

Експерт откирва, Вјоса Османи ги прекршила сите правила и протоколи на Меѓународниот аеродром Скопје!

– Ајде еднаш за секогаш да ги објаснам недореченостите и шпекулациите кои се всушност СОП (Стандардни операционални протоколи) кога патува премиер или претседател во приватна или официјална посета. Ова го пишувам како поранешен советник и дел од кабинет на тројца поранешни премиери.

Државник оди во приватна посета. Кабинетот заедно со државникот, одредува приоритет на видливост. Сакаш да бидеш виден или не. Сакаш да користиш ВИП дел или не (најчесто службите за обезбедување имаат конечен збор тука, согласно нивните проценки)

Во секој случај посебно ако поминуваш државна граница и користиш туѓ аеродром ова ќе биде дел од СОП:

  • Преку МВР или МНР најавуваш во соседната земја дека поминуваш копнен граничен премин, службите се координираат и овозможуваат брз премин

иако притоа некој од кабинетот или протоколот веќе однапред даваат податоци за пасошот на државникот, за придружната делегација, обезбедување, возач(и) итн.

  • На граница мора да има евиденција низ систем
  • Доаѓаш на аеродром, ако користиш ВИП тогаш си плаќаш

(приватно ако си во приватна посета, државата ако си на официјално патување)

  • На ВИП делот те пречекуваат службеници заедно со претходницата им ги предаваш ним багажот, торби и слично, посебно лице те спроведува во ВИП салон каде што чекаш да завршат проверки, скенер, пасош итн.
  • Откако ќе се појави службеник од аеродромот со констатација дека е се во ред, тогаш преку посебен дел, пешки или со возило ќе те спроведат до авионот.
  • НАЈВАЖНОТО: Контрола на багаж не важи само ако леташ со владин авион,

затоа што тогаш одговорноста е на државата а не на аеродромот и приватниот авио превозник.

  • Контрола на пасош секогаш има!
  • Кога ќе стасаш во странска земја пак ги поминуваш истите процедури, освен ако не си со владиниот авион.

Да резимираме. Вјоса Османи и претседателството на Косово должат длабоко извинување за настанатиот инцидент и треба да седнат да се едуцираат како фунцкионираат меѓународните правила ако инсистираат дека се демократска и стабилна држава. – пишува во објавата на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски ги замолил Грција и Бугарија за…

Христијан Мицкоски барал безусловна поддршка од Грција…

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…

Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…

Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…

Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…

Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…