Еве кој гласаше за измените на законот и за повеќе министерства
Собранието со 88 гласа „за“ и 22 „против“ ги донесе измените и дополнувањата на Законот за организација и работа на органите на државната управа, со што бројот на министерствата се зголеми.
Поддршка за законските измени и за нови министерства дадоа 58 пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, 14 од ВРЕДИ, шест од ЗНАМ, два од турската партија ТДП, еден пратеник од ДПА и шест пратеници од ДУИ.
СДСМ со 16 и Левица со шест пратеници беа „против“ измените и дополнувањата на законот со (вкупно 22 пратеници), а Моника Зајкова од ЛДП беше отсутна.
Мандатарот Христијан Мицкоски, кој исто така е и предлагач на измените, најави дека нова влада би можело да биде формирана пред истекувањето на дваесетдневниот рок што започна да тече во четвртокот на 6 јуни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…
По добиена согласност од Министерството за финансии,…
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…
Левица по третпат бара Надзорна расправа за…
Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…
Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…
Цените на горивата од вечерва на полноќ…