ЕВН појаснува: Надоместокот за пренос и дистрибуција постои отсекогаш
Во интерес на точно и правилно информирање на јавноста, а особено на нашите корисници, сакаме да појасниме дека според последната одлука за цената на електрична енергија на Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ), која влезе во сила на 01.07.2022 година, се издвои ставката за надомест за пренос и дистрибуција за потрошена електрична енергија и за корисниците домаќинства, кои се снабдуваат со електрична енергија на регулиран пазар.
Имено ставката за пренос и дистрибуција на електрична енергија и досега беше дел од структурата на сметката за електрична енергија, интегрирана во тарифите за енергија, а сега со новата одлука на РКЕ, се издвојува посебно. Со тоа крајната сума на сметката за потрошена елeктрична енергија е иста без оглед дали преносoт и дистрибуцијата се одвоени со посебна ставка или не. Сега со новата одлука на РКЕ, корисниците имаат транспарентен увид во целосната структура на сметките за електрична енергија. Овие измени се во согласност со европските регулативи за либерализиран пазар на електрична енергија кои поради целосна транспарентност препорачуваат одвоени ставки за сите тарифи во фактурите за потрошена електрична енергија.
Останатите корисници во државата, кои се снабдуваат со електрична енергија на слободниот пазар од многу порано имаат вакви одвоени ставки во своите фактури за електрична енергија. Со оваа измена им се дава можност и на корисниците во случај на промени на снабдувач, да имаат преглед колку е мрежарина за одржување на системот на МЕПСО и Електродистрибуција, а колку е енергија, која исто така е променлива сума во зависност од тековната цена на пазарот.
Надоместокот за користење на преносниот и дистрибутивниот систем се добива како производ од потрошената енергија и тарифата за пренос и дистрибуција согласно Одлуката на РКЕ.
Бидејќи ЕВН Хоме е регулирана компанија, секоја тарифа во врска со електричната енергија се одредува од страна на РКЕ. ЕВН Хоме не одредува цена за ниту една ставка во фактурите за електрична енергија.
На линкот подолу имате информации во врска со новиот тарифен систем и фактурите:
https://evn.mk/getdoc/e9afb59c-7a28-4bde-b300-88cc9498758d/Informacii-za-fakturi.aspx
Во однос на загубите на електрична енрегија во електродистрибутивната мрежа, сакаме да појасниме дека не е точно дека сите загуби на електрична енергија се признаваат и влегуваат во цената на електричната енергија. Регулаторната комисија за енергетика признава само дел од вистинските загуби на електрична енергија, додека значителни количини на загуби на електрична енергија не се признаени и паѓаат директно на товар на компанијата, а не на корисниците.
Напоменуваме дека во Законот на енергетика е дефинирано дека загубите на електрична енергија се признаваат согласно план за намалување на загуби кој го изготвува компанијата, а го одобрува РКЕ. Меѓутоа, во постапката за одобрување на планот за намалување на загуби, РКЕ никогаш не ги прифати реалните загуби на електрична енергија како почетна вредност која постепено се намалува во периодот за кој се однесува планот. Наспроти тоа секогаш се земаат потценети вредности односно се признаваат пониски вредности за над 2 процентни поени на загуби односно не се признаваат околу 120 GWh годишно. Како резултат на тоа, компанијата се соочува со огромни трошоци кои не се признаени од страна на РКЕ во тарифите за дистрибуција на електрична енергија.
Оваа година, Електродистрибуција ги набавува загубите на електрична енергија по цена од 175 евра за MWh, што значи дека набавката на 120 GWh непризнаени загуби ја чини компанијата над 20 милиони евра непризнаени трошоци. Доколку истите количини се набават по актуелните пазарни цени, загубата е неколкукратно повисока. Ова претставува огромно финансиско оптоварување за компанијата која директно влијае врз нормалното вршење на дејноста.
Во периодот до 2022 година, ЕВН успеа да ги намали загубите до ниво од околу 14%, што претставува огромно намалување кое се должи на комплексни активности и големи инвестиции кои ги спроведе компанијата.
Нивото на загуби на електрична енергија во 2006 година, во електродистрибутивната мрежа беа 28% од енергијата влезена во дистрибутивниот систем. Загубите на електрична енергија се состојат од технички и комерцијални. Првите настануваат во самиот систем односно се губи енергија при самото работење на енергетската инфраструктура и се неизбежни, а комерцијални се кражбите на електрична енергија со кои и денес се соочуваме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Прирачник) Како да направиш будала од ЕВН…
Вреди да се прослави во кафана откако…
Без струја дел од општина Карпош
Делови од општиниtа Карпош денеска, во различни…
Радовишани ем плаќаат, ем немаат струја –…
Подолг период жителите на Радовиш се соочуваат…
ЕВН појаснува: Надоместокот за пренос и дистрибуција…
Во интерес на точно и правилно информирање…
Тортевски: Не ви беше чудно што ЕВН…
Не ви беше чудно што ЕВН редовно…