Објавено на:

Радовишани ем плаќаат, ем немаат струја – исто како во Слупчане

t

Подолг период жителите на Радовиш се соочуваат со проблеми со снабдувањето на електрична енергија, секојдневно снемува струја во интервали од по четири до пет часа, се жалат радовишани.

Тие велат дека од 24 часа во денот, Радоциш 10 часа е без струја, што веќе почнало да предизвикува проблеми кај електричните уреди кои почнале да се расипуваат поради честите прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Дополнително, читател на Инфомакс вели дека проблем имаат и компаниите, но и лицата кои работат онлајн за странски компании, бидејќи неколку денови по ред не можат да си ги завршат работните обврски, а работодавачите не веруваат дека проблемот со струјата не е решен по поминат толкав временски период, што би значело дека овие лица ќе се соочат со минуси на нивните плати, а можеби и со откази.

Од ЕВН во изјава за Инфомакс велат дека постои проблем со далеководот, а кипите на ЕВН се на терен и работат на брзо санирање на проблемот.

– Во наш интерес е корисниците побрзо да добијат непречено снабдување со електрична енергија. Екипите работат на терен. Нема временска рамка кога би се решил проблемот велат од ЕВН.

Оттаму известуваат дека за настанатите материјални штети, расипани уреди и слично, корисниците ќе треба да се обратат во корисничкиот центар, по што екипа ќе излезе на терен и доколку се констатира дека причината за дефектот е прекинот на електрична енергија, истите ќе бидат обесштетени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Радовиш

На 26.04.2024 во 17.00 часот во Полициската…

Доктор од Радовиш нападнат на работното место

Доктор од тимот на Итната медицинска помош…

Почна изградбата на 400 kV далековод меѓу…

Денеска беше означен официјалниот почеток на изградбата…

Радовишанец украл возило, полицијата го приведе

На 16.12.2023 во 23.00 часот, полициски службеници…

Кина му помага на партнерот од БРИКС…

Јужна Африка ја доби првата серија кинески…