Еврокомесарката за проширување загрижена за инцидентите во српскиот парламент
Еврокомесарката за проширување Марта Кос изрази загриженост за вчерашните инциденти во српскиот парламент кои завршија со неколкумина повредени пратеници.
„Многу сме загрижени поради нарушувањето на работата и насилството во српскиот парламент. Парламентот мора да биде место за демократска дебата во интерес на сите граѓани и мора целосно да ја одигра својата улога“, пишува еврокомесарката за проширување во објава на Икс.
Кос потсети оти институциите на Европската Унија постојано повикуваат на деескалација на тензиите преку воспоставување услови за инклузивен дијалог во кој ќе бидат вклучени засегнати страни – политичките актери, институциите и граѓанското општество, со цел решавање на реформите неопходни за иднината на Србија во ЕУ.
Оцени оти последните случувања во Србија насочени кон граѓанските организации се многу загрижувачки.
Во српскиот парламент вчера избија инциденти откако пратениците од опозицијата почнаа да фрлаат димни бомби во собраниската сала, обвинувајќи ја владата оти нема легитимитет да донесува закони по оставката на премиерот. Инцидентите започнаа кога владејачкото мнозинство, со противење на опозицијата, го усвои дневниот ред во кој беа опфатени десетици законски предлози.
Според изјавата на претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ, во вчерашните немири во парламентот се повредени три пратенички, од кои една доживеала мозочен удар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…