Објавено на:

Еврокомесарката за проширување загрижена за инцидентите во српскиот парламент

t

Еврокомесарката за проширување Марта Кос изрази загриженост за вчерашните инциденти во српскиот парламент кои завршија со неколкумина повредени пратеници.

„Многу сме загрижени поради нарушувањето на работата и насилството во српскиот парламент. Парламентот мора да биде место за демократска дебата во интерес на сите граѓани и мора целосно да ја одигра својата улога“, пишува еврокомесарката за проширување во објава на Икс.

Кос потсети оти институциите на Европската Унија постојано повикуваат на деескалација на тензиите преку воспоставување услови за инклузивен дијалог во кој ќе бидат вклучени засегнати страни – политичките актери, институциите и граѓанското општество, со цел решавање на реформите неопходни за иднината на Србија во ЕУ.

Оцени оти последните случувања во Србија насочени кон граѓанските организации се многу загрижувачки.

Во српскиот парламент вчера избија инциденти откако пратениците од опозицијата почнаа да фрлаат димни бомби во собраниската сала, обвинувајќи ја владата оти нема легитимитет да донесува закони по оставката на премиерот. Инцидентите започнаа кога владејачкото мнозинство, со противење на опозицијата, го усвои дневниот ред во кој беа опфатени десетици законски предлози.

Според изјавата на претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ, во вчерашните немири во парламентот се повредени три пратенички, од кои една доживеала мозочен удар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Покрај забрана за приближување двајца во Малешевијата…

Полицискиот билтен нотира непослушност кај наслниците, па…

Русија го повтори барањето НАТО да се…

Русија повторно бара НАТО да ги повлече…

Почина Агрон Мемеди, поранешен репрезентативец и член…

Македонскиот фудбал денеска гоп погоди тажната вест…

Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија…

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно…

„КИКИ ГО ЧУВАШЕ НАШИОТ БОЛЕН СИН, БЕШЕ…

Потресна исповед на семејство од Загреб открива…