Европската комисија: Србија пред три години побара да го организира Европрајд!
Известувачот за Србија во Европскиот парламент, Владимир Билчик, за српската телевизија “N1 ” изјави дека настаните во Србија се следат со големо внимание и дека е за жалење што во овој момент не е јасно дали ќе се случи во сабота.
„Сепак, можам да ја видам светлината на крајот од тунелот. Одлуката оваа недела беше да се забрани рутата на пешачење, а тоа се обидувам да им го објаснам на многубројните колеги во Европскиот парламент кои имаат намера да учествуваат на Парадата на гордоста во Белград. Рутите се забранети, шетањето не е забрането. Важно е и што државата го забрани протестот на противниците на Прајд и тоа е добра вест. Значи, Неделата на гордоста продолжува, бројни настани, единствено прашање што останува е рутата на прошетка во сабота“, рече тој.
Тој вели дека се надева оти во наредните часови, а како што вели, добива такви сигнали, организаторите кои се уште преговараат со Владата ќе се погрижат митингот во сабота да се одржи.
„Лично планирам во сабота да бидам во Белград, како и многу колеги пратеници, луѓе од Европската комисија и институциите. Ова не е само настан во Србија. Ова е првиот голем настан на Europride во Југоисточна Европа и Западен Балкан. Ова е шанса Србија да се покаже како земја која се залага за заштита на европските вредности и славење на различностите. Значи, држам скрстени прсти и се надевам на решение, но времето истекува и треба што поскоро да добиеме разјаснување“, заклучи Владимир Билчик.
Претходно Европската комисија нагласи дека Србија пред три години побарала да биде организатор на парадата и сега треба да го исполни тоа што ѝ е овозможено, а било побарано од нејзина страна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протест на Србите во Северна Митровица: За…
Србите од северот на Косово денеска се…
Има само шест години: Малиот Никола од…
Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Нови протести против ископувањето на литиум во…
Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…