Европската централна банка по деветти пат ја зголеми каматната стапка
Европската централна банка ги зголеми каматните стапки, што е деветти пат во обид да ја ограничи високата инфлација, а поради рецесијата се претпоставува дека денешното зголемување може да биде последно.
Со денешното зголемување за четвртина процент, ЕЦБ ја зголеми референтната каматна стапка на депозитите за само една година од претходната минус 0,5 отсто на 3,75 отсто, што е најбрзо заострување на кредитните услови од воведувањето на еврото во 1999 година.
„Инфлацијата паѓа, но се очекува да остане висока предолго“, соопшти ЕЦБ, додавајќи дека ќе ги задржи каматните стапки доволно долго за да ја намали инфлацијата со намалување на трошоците.
Таа политика веќе функционира, бидејќи цените на станбените недвижности почнаа да се намалуваат по постојан раст од една година, а кредитите на компаниите се најниски од 2003 година.
Од друга страна, со намалувањето на економската активност во целата еврозона, најмногу се стравува за економската состојба на Германија, „главниот погон на Европа“, која годинава е во рецесија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Банките по Нова година со зголемена каматна…
Банките се во финални анализи и пресметки…
Американските банки најголеми финансиери на руските “јаглеродни…
Банки од САД и од Обединетото Кралство…
Украина планира да ги тужи западните банки…
Лидерите на западните банки како „ЈПМорган Чејс“,…
Скандал во Швајцарија: Втората најголема банка прогласена…
Втората по големина швајцарска банка, Credit Suisse,…
Филмски грабеж на банка во Скопје: Со…
Денеска околу 10.00 часот во СВР Скопје…