Европскиот парламент ќе отвори канцеларија за Западен Балкан во Албанија
Европскиот парламент ќе формира канцеларија за Западен Балкан во Албанија за дополнително да го зајакне својот ангажман во овој регион.
„Во контекст на засилените геополитички тензии и обновениот моментум на проширувањето на ЕУ, новата канцеларија на Европскиот парламент во Тирана ќе служи како клучна точка за контакт меѓу Парламентот на ЕУ и националните парламенти, граѓанското општество и локалните партнери од Западен Балкан“, се вели во соопштението.
Канцеларијата, како што е објаснето, ќе ги промовира ставовите и активностите на парламентот, особено во однос на пристапувањето во ЕУ и ќе ја поддржи демократијата и институционалните реформи во регионот.
Исто така, се додава во соопштението, ќе помогне во подготовката и следењето на официјалните посети на членовите на Европскиот парламент, а истовремено ќе ја зајакне соработката со другите актери на ЕУ на терен, како и со меѓународните организации и граѓанските организации.
„Европскиот парламент постојано ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан, препознавајќи ја неговата стратешка важност за регионалната стабилност и поширокиот европски проект. Формирањето на канцеларијата ја одразува пошироката стратегија на ЕУ за продлабочување на ангажманот со земјите кандидати. Виталната потреба за зајакнување на партнерството на ЕУ во Западен Балкан станува сè појасна со оглед на актуелните геополитички предизвици, меѓу кои е и руската војна во Украина“, се наведува во соопштението.
Основањето на канцеларијата на ЕП во Тирана ја нагласува силната посветеност на Парламентот да ги поддржи земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон членство во ЕУ, истовремено промовирајќи стабилност, демократија и поблиски врски меѓу ЕУ и нејзините соседи.
Во моментов, Европскиот парламент има три оперативни канцеларии – во Њујорк, за односи со Обединетите нации, во Џакарта, за односи со Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија и во Адис Абеба, за односи со Африканската унија.
Одлуката за отворање две дополнителни канцеларии – во Албанија и Молдавија – уследи по претходните одлуки за отворање канцеларии во Киев, Украина и Панама за да се справат со односите со Латинска Америка и Карибите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…
Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…
МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…
Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…
Во Албанија е идентификуван првиот случај на…
Првиот случај на мајмунски сипаници е потврден…
Рама: Албанија доби „зелено светло“ за отворање…
Албанскиот премиер Еди Рама објави дека земјата…
Ѓоковиќ воодушевен од односот на албанските и…
Тенисерот Новак Ѓоковиќ се огласи за натпреварот…