Објавено на:

Европските и светски лидери со поддршка за Зеленски: Ќе направиме се за да испорачаме дополнителна помош

t

Неколку европски и светски лидери веќе остварија телефонски разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски, на кого му пренесоа дека Украина и понатаму ја има целосната поддршка од овие држави.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, за време на телефонскиот разговор со Владимир Зеленски во ги осуди нападите врз Украина и вети поддршка, изјави за новинарите портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт.


„Федералната влада остро ги осуди денешните ракетни напади во Украина, каде утрото имаше повеќе од 40 ракетни напади врз неколку градови. Цивилната инфраструктура исто така беше уништена или тешко оштетена, има и повредени и мртви. Канцеларот Шолц разговараше за ова по телефон со украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово“, изјави владиниот портпарол на брифингот во понеделникот.

Тој појасни дека Зеленски го информирал германсиот канцелар за ситуацијата во Киев. Шолц го увери украинскиот претседтаел во неговата поддршка од Германија, како и од другите земји од Г7. Според канцеларот, Германија ќе направи се за да мобилизира дополнителна помош за Украина, пред се за обновување на оштетената цивилна инфраструктура.

И министерката за надворешни работи на Канада изрази поддршка за Украина.


„Разговарав со мојот украински колега Дмитриј Кулеба за ракетните напади врз Киев и другите градови во Украина… Канада го поддржува народот на Украина“, напиша Џоли на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Првите Ф-16 пристигнаа во Украина

Првата серија американски ловци Ф-16 пристигна во…