Египет го обвинува Израел за нападот на болницата во Газа, Израел демантира: Проверуваме дали нашите сили стојат зад нападот
Египет вели дека Израел е одговорен за нападот врз болницата Ахли во градот Газа, во која наводно загинале стотици палестински цивили, пренесува Тајмс оф Израел.
Египетското Министерство за надворешни работи остро го осудува инцидентот и вели дека Каиро смета дека ова „намерно бомбардирање на цивили е сериозно кршење на меѓународното, хуманитарното право и на најосновните вредности на човештвото“.
Израел вели дека сè уште истражува дали нејзините сили се одговорни за нападот или дали тоа е резултат на неуспешно лансирање ракета или друга причина.
„Египет го повика Израел веднаш да престане со својата политика на колективно казнување против луѓето во Појасот Газа“, се додава во соопштението на египетското Министерство за надворешни работи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИДФ: Ликвидиpан виcок функционеp на Xамаc
Израелската армија (ИДФ) и разузнавачката служба Шин…
Директна закана од Израел: „Брзо да го…
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…
Израел објави, 19 повредени во нападот на…
Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…
Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…
Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…