Египет гради втор камп за раселените Палестинци

Египет гради втор камп за раселените Палестинци во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа во соработка со Црвениот крст во Палестина, објави ТВ Ал-Кахера њуз.
Египетските власти го изградија првиот камп во Кан Јунис минатиот декември и го проширија во јануари. Новиот камп, кој ќе има струја и вода, ќе се состои од 400 шатори со капацитет од 4.000 луѓе.
Следниот чекор е изградба на теренска болница во пограничниот град Рафах и медицински камп во Деир ал Балах во центарот на Газа. Во Рафах ќе бидат формирани и два центри за дистрибуција на помош.
Според Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА), повеќе од 85 отсто од 2,4 милиони луѓе во енклавата се внатрешно раселени од почетокот на конфликтот на 7 октомври минатата година, кога Хамас и други палестински фракции го нападнаа јужниот дел на Израел, при што загинаа околу 1.200 луѓе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палестинска конгресменка: Трамп повикува на етничко чистење
Рашида Тлаиб, единствената палестинско-американска членка на американскиот…
Арапските држави одбија префрлање на Палестинците во…
Министрите за надворешни работи на неколку арапски…
Шолц: Предлогот на Трамп за преселување на…
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека…
Израел денес ослободи 200 палестински затвореници
Израел денеска ослободи вкупно 200 палестински затвореници…
Албанија отвора камп за мигранти од Италија
Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп…