Објавено на:

Египет гради втор камп за раселените Палестинци

t

Египет гради втор камп за раселените Палестинци во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа во соработка со Црвениот крст во Палестина, објави ТВ Ал-Кахера њуз.

Египетските власти го изградија првиот камп во Кан Јунис минатиот декември и го проширија во јануари. Новиот камп, кој ќе има струја и вода, ќе се состои од 400 шатори со капацитет од 4.000 луѓе.

Следниот чекор е изградба на теренска болница во пограничниот град Рафах и медицински камп во Деир ал Балах во центарот на Газа. Во Рафах ќе бидат формирани и два центри за дистрибуција на помош.

Според Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА), повеќе од 85 отсто од 2,4 милиони луѓе во енклавата се внатрешно раселени од почетокот на конфликтот на 7 октомври минатата година, кога Хамас и други палестински фракции го нападнаа јужниот дел на Израел, при што загинаа околу 1.200 луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел ги негира тврдењата на Хамас дека…

Владата на Хамас во Појасот Газа соопшти…

Израелскиот премиер најави план за евакуација на…

Бенјамин Нетанјаху премиерот на Израел изјави дека…

Египет гради втор камп за раселените Палестинци

Египет гради втор камп за раселените Палестинци…

Речиси 25.000 Палестинци загинале во Појасот Газа

Најмалку 24.927 Палестинци се убиени, а 62.388…

САД ги отфрлаат коментарите на израелските министри…

Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека САД…