Едвард Џозеф: Новата влада мора да покаже конкретни потези во борбата против корупцијата

t

Новата влада мора да покаже конкретни потези во борбата против корупцијата, во делот на обвинителите и судиите, низ етно-националниот спектар и сето тоа да не биде селективно, вели во интервју за Радио Слободна Европа, Едвард Џозеф, експерт за западен Балкан и професор на Универзитетот Џон Хопкинс. Според Хопкинс, сепак, разочарувачки е тоа што и натаму САД мора да реагира и да става луѓе на црната листа многу години после транзицијата во земјава.

„Разочарувачки е што многу години после таканаречената транзиција гледаме потреба САД да прават вакви чекори, коишто од друга страна се неопходни и правилни. Но, да се вратиме на првиот дел. Најдобриот показател дека ваквата одлука беше правилна од САД, кои за жал мораа да го стават поранешниот вицепремиер Артан Груби на црната листа, е дека самата ДУИ рече дека ја почитува одлуката. Фактот дека ДУИ го рече тоа и ја потенцираше важноста на односите со САД, тоа е позитивен чекор. Имате релативно нова Влада. Тие направија некои почетни потези, но треба да направат повеќе. Морам да кажам дека ја забележав реакцијата на премиерот (Христијан) Мицкоски, кој реагираше и го поддржа потегот на САД и тука повторно гледаме дека тоа се нагласува. Ја слушнавме и забелешката на амбасадорката на САД (Анџела) Агелер, која рече дека овие докази ви се достапни на сите и дека ова не се посебни докази кои ги имаат само САД. Така што одговорот на вашето прашање е дека од Мицкоски и од Владата мораме да видиме потези„ рече Едвард Џозеф, експерт за западен Балкан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Севернизација“ во Собранието: Од 41 закон се…

Владата и министерствата ја бетонираат „северна“. До…

Пожар изби во Ајфеловата кула во Париз,…

Во тек е евакуација на Ајфеловата кула…

Кривична пријава за даночно затајување за сопственик…

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…

Кривичен ја одби жалбата за притвор на…

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје…

Владата со препорака Службен весник да ја…

Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен…