Еден од најголемите – Паско вели: Го гaзиme и moчаме нашето културно наследство

t

До мојата 111 година треба да завршам уште неколку монографии за археологијата во Македонија, да го завршам мојот роман и, се разбира, да го откријам гробот на Александар Македонски, вели по неколкугодишен молк во јавноста во интервјуто за МКД.мк и Республика Паско Кузман, познатиот македонски археолог, кого колегите сѐ уште го поврзуваат со ренесансата на македонската археологија, а политичарите со антиквизацијата.

Што уште може да се најде на ова наше македонско тло. Да сте на старата функција, каде уште би копале?

– Ние досега имаме откриено само една третина од македонските слоеви. Има уште многу, многу за копање. Македонија е бремена со археолошки наоди. Македонската почва е трудна од тие вредности. Преполна е. Кога би се породила, би изродила илјадници близнаци, милиони… Толку многу е богата и толку многу работа има за сегашните и идните генерации. Тоа е темелот. Кога некој ќе ми рече е што толку, тоа е античко, тоа е праисториско. Сето тоа е наше културно наследство, тоа е дел од нас, оваа почва по која ние денес газиме, ја сееме, извинете – ја мочаме. И ако тука излезе Хераклеј, кај да го носиме, да ѝ го предадеме на Атина, во Лондон да го носиме?! Не! Тоа е наше. Им посакувам на моите сегашни и идни колеги интензивно да работат на тоа и ќе им биде полн животот.

Како е денеска работата?

– Денеска е сѐ зачмаено со сите овие случувања. Нашата актуелна власт не е ориентирана кон археологијата. Состојбите се трагикомични.

Целото интервју можете да го прочитате тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски објави факти за Царот Самоил: Не…

Не постои запис кој ќе потврди како…

(Видео) Жежов: ВМРО во некои периоди има…

ВМРО особено во периодот 1912-13 година и…

(Видео) Терористичките акции на ВМРО никогаш не…

Во својот Устав, посебно во правилниците стои…

(Видео) Нема пишан доказ кој го разјаснува…

Тешко е да се утврди дали има…

Руски зборник од 1849 година: Македонскиот јазик…

Во време кога се врши атак врз…