ЕДЕН СЕ ОБИДЕЛ ДА БЕГА, ДРУГ(А) ДА СЕ ТЕПА; Во Велес уапсени петмина дилери на дрога
Петмина велешани, од кои еден малолетен, се упасени вчера од страна на Одделението за недозволена трговија и шверц, информира МВР.
При претреси во нивните домови пронајдени се и одземени три пакувања со марихуана и пари во разни апоени, по што биле приведени, а нешто подоцна уапсен е и еден од осомничените, кој претходно се обидел да избега, фрлајќи пакување со марихуана.
Околу 21.00 часот по наредба на Основен Суд Велес извршен е претрес во уште еден стан, при што биле пронајдени марихуана, семки од растението канабис сатива, ќесички за пакување на дрогата и пари во поголем износ. При апсење една од осомничените физички се спротивставила на апсењето, но била совладана.
Во координација со јавен обвинител, против сите пет лица ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Откако цела Македонија ги виде заканите кон…
Дел од родителите на починатите во трагедијата…
Се запали РЕК Битола! Се вклучил аларм…
Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава…
Koстадинов за ДПМНЕ: Нема отпор, нема храброст…
КАДЕ Е ПАТРИОТИЗМОТ, ВМРО-ДПМНЕ?! На вашата “патриотска”…
Професорот Трајковски: Владата премолчува колку скапо ќе…
Проф. д-р Дејан Трајковски, со објава на…
Моралната одговорност не се мери на избори
Премиерот Христијан Мицкоски многу добро ја знае…