Единствената електрана во Газа остана без гориво, болниците стануваат гробишта
Единствената електрана во Појасот Газа повеќе не е во функција поради недостиг на гориво, соопштија палестинските власти откако Израел во понеделникот соопшти дека ќе воведе целосна опсада на опколената енклава, блокирајќи го протокот на храна, вода и гориво.
Исклучувањето на електричната енергија во Газа ја втурна енклавата во тешка здравствена и хуманитарна криза, соопптија од Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ICRC) за „Al Arabiya English“, предупредувајќи дека недостигот на струја ќе ги претвори болниците во гробишта.
Во Газа во средата снема струја, откако единствената електрана во блокираната палестинска енклава престана да работи, објавија медиумите на Хамас.
Хишам Мана, портпарол на ICRC во Газа, зборувал дека болниците веќе се без струја, како и за ужасните последици од кризата, велејќи дека болниците и здравствените центри сега се соочуваат со катастрофална ситуација.
Без снабдување или електрична енергија, пациентите, од критично повредени жители до бебиња на кои им е потребна итна медицинска помош, се отсечени од основните ресурси поради четвртиот ден од израелските воздушни напади како одговор на последниот смртоносен напад на Хамас.
Уништени или затворени се премините во Газа, што го остава населението без пристап до некаква помош.
„Струјата ќе влијае врз медицинскиот систем на болницата и здравството. Оштетена е и инфраструктурата, што ги оневозможува возилата на брзата помош да стигнат до болниците. Без струја може да доведе до катастрофална ситуација. Кога зборуваме за болници, тие примаат тешко повредени, бебиња во инкубатори и пациенти на кислородни линии. Без струја, болниците ќе се претворат во гробишта“, изјавил Мана за „Al Arabiya English“.
Тој дополнително ја нагласил сериозноста на ситуацијата бидејќи болниците се без гориво и храна. Речиси сите болници снемаат медицински материјали.
„Медицинските и тимовите за цивилна заштита се соочуваат со големи потешкотии да дојдат до повредените луѓе, а цивилите исто така се мачат со медицински прегледи и амбулантни возила“, ркол Мана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 22 наши државјани побарале помош за…
Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за…
Иран тврди дека уапсиле двајца припадници на…
Иранските власти велат дека уапсиле двајца членови…
Нетанјаху: 13 загинати во иранските напади, меѓу…
Тринаесет лица загинаа во иранските напади врз…
Македонското МНР активира контакт-линии за наши државјани…
Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток,…
Израелската војска ги предупредува Иранците да ги…
Израелската војска денеска ги предупреди иранските граѓани…