Еди Рама: Обединување Косово–Албанија само преку ЕУ, сѐ друго е бајка

t

Албанскиот премиер Еди Рама ја исклучи можноста за територијално обединување на Косово и Албанија, нагласувајќи дека „националното обединување значи само приклучување кон Европската унија, сѐ друго е бајка“. Изјавата ја даде во интервју за емисијата „Jehona Politike“ на Клан Косова.

Рама посочи дека старите регионални „формули“ од 19. и 20. век денес немаат место и дека приоритет треба да биде европската интеграција и зајакнувањето на меѓународните партнерства на Косово. Неговите ставови беа пренесени и од повеќе албански медиуми, кои истакнаа дека секој друг модел на обединување е нереален.

Изјавата доаѓа во време на засилени дебати околу европскиот курс на регионот и позиционирањето на Тирана и Приштина кон Брисел, а Рама повторно го потенцира ставот дека „обединувањето“ е можно само низ политичка и правна интеграција во рамките на ЕУ, а не преку промена на граници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еди Рама: Обединување Косово–Албанија само преку ЕУ,…

Албанскиот премиер Еди Рама ја исклучи можноста…

Протести и контрапротести во Србија – инциденти…

Неколку инциденти се забележани во Србија на…

ЌЕ НЕМА ПРАВДА ЗА КОЧАНИ ДОДЕКА МИЦКОСКИ…

Објавените разговори во сторијата на „ИРЛ“ уште…

Русите ја погодија полската амбасада во Киев

Фрагмент од ракета го оштети конзуларниот оддел…

(Фото) Фотографиите со Доналд Трамп мета на…

Во бизарен пресврт во дипломатијата со високи…