ЌЕ НЕМА ПРАВДА ЗА КОЧАНИ ДОДЕКА МИЦКОСКИ ВЛАДЕЕ

t

Објавените разговори во сторијата на „ИРЛ“ уште еднаш ја потврдија мафијашката спрега меѓу ДПМНЕ, институциите и криминалот! И додека Христијан Мицкоски ги нарекува „лешинари“ сите оние кои бараат правда – неговата власт го наштима предметот за најголемата трагедија во поновата историја на Македонија!

Додека лицемерно го обвинува судството и обвинителството за корупција – токму неговите кадри ја кројат „правдата“ по партиски диктат, а сопствените пиуни ги спасуваат од одговорност!

Инспекторот на УЈП, Драган Паунов (брат на в.д. претседателката на Кривичниот суд, Даниела Димовска) е фатен како го предупредува синот на газда Деко за контрола во диско-шталата „Пулс“, а за возврат прима подароци. И покрај овие разговори и докази – за него НЕМА ОБВИНЕНИЕ!

Даниела Димовска, незаконски избрана со гласовите на ДПМНЕ и СДСМ (турната од 11-та на прва позиција), сега го води судот кој треба да ја донесе правдата за Кочани. Тоа значи дека процесот е однапред компромитиран и претставува уште една партиска фарса со готов исход.

Левица беше единствената политичка партија која алармираше за изборот на Димовска. Таа има очигледна партиска биографија – била асистентка на пратеникот Влатко Ѓорчев и советничка на претседателите на Собранието Вељановски и Георгиевски, а нејзиниот сопруг е вработен во кабинетот на Тимчо Муцунски. Нејзиното унапредување на чело на Кривичниот суд беше туркано од Данка Ристова – член на Судскиот совет и сопруга на градоначалникот на Радовиш од ДПМНЕ.

Со Мицкоски на власт, Кочани и Македонија никогаш нема да дочекаат правда, туку само ќе бидат сведоци на партиска заштита на убијците на 62 млади животи! Режимот на Мицкоски е подготвен да ја задуши вистината, да ги заклучи досиејата и да им ја украде правдата на семејствата на жртвите.

Пипците на Мицкоски и ДПМНЕ се протегаат низ сите институции – судството, обвинителството, инспекциските служби. Ова не се изолирани злоупотреби, туку систематска инфраструктура на клиентелизам и партиска контрола, која го задушува секој обид за независност и владеење на правото.

Таквата состојба ги претвора судските процеси во обичен театар, каде исходот е однапред познат, а граѓаните се сведоци на однапред напишани пресуди.

Овој облик на власт е класичен партиски режим што го користи државниот апарат за самозаштита и заштита на своите интереси. Сè додека тие пипци останат вплетени во системот – правдата ќе биде недостижна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ќе платат за ова“: Германија подготвува остар…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се подготвува директно…

Зеленски за нападот во Киевската област: Ситуацијата…

Ситуацијата во селото Мила во Киевската област…

Туск предупредува на провокации од Русија врз…

Премиерот на Полска, Доналд Туск по разговорот…

Маж од струшко истепан од сосетката, му…

На 28 август 2026 година во 20:40…

Тетовец го тепал полицаецот кој го запрел…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 37-годишен…