Еднакви и моќни жени се потреба на државата, вели Ковачевски
Еднакви и моќни жени не е само слоган, еднакви и моќни жени е перспектива, порача денеска претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на Осмомартовскиот марш кој во организација на Форумот на жени на СДСМ се одржа во Прилеп.
„Еднакви и моќни жени се потреба на државата, како што се потреба на светот. Затоа ја имате мојата почит сите кои бевте столбови во семејствата дома и борци на теренот – кога требаше да се добие една од најважните битки во современа Македонија, обновата на демократските вредности.
Почит и кон сите определени кон рамноправност и еднакви човекови права, со што обезбедивме мир во нашата држава и успешно градиме едно општество за сите, без разлика на какви било различности, кон сите вас кои сте и денес столбови на семејствата, но и столбови на државата –моторна, движечка сила, на прогресивна, современа атлантска и европска Република Македонија“, истакна Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина ќе почне да мобилизира жени?
Украинскиот парламент, Врховната Рада ги направи првите…
БОЛЕСТ! „Телеграф“: Мажи ќе земаат деветгодишни девојчиња…
Ирак се подготвува да ја намали законската…
Сериски убиец во Кенија осомничен дека убил…
Осомничениот сериски убиец Колинс Џумаиси е уапсен…
Припадничките на Армијата рамо до рамо со…
Рамноправно со своите колеги од вториот пешадиски…
Притвор за тројца мажи кои претепале две…
Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против…