Една година власт на ВМРО-ДПМНЕ: Нула резултати, стотици празни лаги, народ гледа – Мицкоски мисли ако повеќе лаже, повеќе ќе му веруваат
Неверојатна е леснотијата со која Мицкоски смета дека колку повеќе лаги во минута ќе каже дека толку повеќе ќе му веруваат граѓаните.
Народ гледа, Мицкоски, стои во рекацијата на СДСМ по денешниот настан на Владата за една година Влада.
– Срамота е да се фалиш со, ни помалку ни повеќе – 887 проекти кои никој се уште ги нема видено.
Срамота е за Претседател на влада и лидер на најголемата владејачка партија по цела година на власт, апсолутна локална власт да нема свој проект со кој може да се пофали и се уште да зборува за проекти направени од градоначалниците на СДСМ во минатиот мандат како свои.
Кога Мицкоски зборува за 11 направени градинки треба да е чесен до крај и да каже дека сите 11 се наравени во претходниот мандат на владата на СДСМ и градоначалници на СДСМ, но дури сега се пуштаат во употреба откако цели три години беа оставени намерно затворени, а децата без соодветна грижа бидејќи на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски поважно им беше да ги користат во предизборна кампања.
Срамоа е Мицкоски да зборува за некакви рециклажни центри и депонии кои чинеле 55 милиони евра, а тие ги направиле. Каде се направени? Кој ги видел тие рециклажни центри?
Каде се парите?
Без срам и перде Мицкоски зборува и за студентскиот стандард, а секојдневно гледаме како студентите на социјалните мрежи се жалат дека Владата и министерството за образование и наука доцни со исплатите или воопшто ги нема. Студентскиот оброк е сведен на затворски оброк, а се бараат начини и како што повеќе студенти да го изгубат правото на студентски оброк.
Во програмата ветија 50% зголемување на платите на професорите и наставниците во првата година, а сега го слушаме Мицкоски како ги замајува дека им ги зголемил платите за 12%.
Треба да им каже Мицкоски дека тоа не е никакво зголемување на платите, туку редовно годишно порамнување – да не лаже.
Лани на 9 мај Мицкоски вети дека за една година ќе бидат довршени објектите на Факултетите на УКИМ – по една година, Мицкоски повторно ветува дека сега пак треба да чекаме уште една година.
Нема ништо гордо во лажењето на сопствениот народ.
Македонија за една година е понижена, осиромашена и опустошена, а граѓните излажани, стои во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Една година власт на ВМРО-ДПМНЕ: Нула резултати,…
Неверојатна е леснотијата со која Мицкоски смета…
Земјоделците никогаш не биле по понижени, а…
Земјоделците никогаш не биле попонижени и посиромашни…
По една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија…
На една година од власта на ВМРО-ДПМНЕ,…
Мицкоски изгубен во сопствените лаги – реалноста…
Мицкоски изгубен во сопствените лаги - реалноста…
Спасовски: Со акробации во Собрание ВМРО-ДПМНЕ го…
Денеска се одржа седница на Комисијата за…