Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа во кочанско

t

Едно лице загина, а две лица се повредени откако автомобил излетал од Кочанско.

„Вчера околу 17.20 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на регионалниот пат с.Лески – с.Зрновци, кочанско, патничко возило „сузуки“ со винички регистарски ознаки, управувано од Р.С.(62) од с.Виничка Кршла, општина Виница, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.А.(55) од с.Виничка Кршла, кој бил пренесен во Клиничка болница Штип, каде што подоцна починал. Додека, со телесни повреди се здобил возачот и другиот сопатник М.С.(60) од с.Виничка Кршла, констатирани во болницата во Кочани“, информираат од МВР.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Кочани, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Човек загина по удар од воз кај…

На железничката пруга кај булеварот „Србија“, синоќа…

Петков им изрази сочувство на роднините на…

„Автомобилот со кој вечерва одевме за Варна…

Голема трагедија го потресе цел Балкан: Во…

Во сообраќајна несреќа која се случила вчера…

Во Кривичниот суд продолжи судењето за Ласкарци

Со испитување на вештакот Љупчо Постолов, дел…

Трагедија во Турција: Тројца загинати во хеликоптерска…

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во…