Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена со засилени активности, расчистена дива депонија во Аеродром

t

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена – Скопје врши секојдневен надзор на дваесетина локации во сите скопски општини каде што континуирано непрописно се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини, информираат од јавното комунално претпријатие.

Во текот на март, како што посочуваат, се изготвени вкупно 48 едукативно-информативни записници за лица коишто се затекнати при неправилно одлагање градежен и кабаст отпад.

-Екипите на ЈП Комунална хигиена – Скопје во текот на вчерашниот ден спроведоа активности за чистење на внатрешноста на фонтаните лоцирани во централното градско подрачје коишто сè уште не се пуштени во употреба. Воедно, беше отстранета и обемна дива депонија лоцирана на булеварот „Јане Сандански“, во скопската општина Аеродром, при што се подигнати приближно пет кубни метри кабаст и градинарски отпад, соопшти Јп Комунална хигиена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Откако цела Македонија ги виде заканите кон…

Дел од родителите на починатите во трагедијата…

Се запали РЕК Битола! Се вклучил аларм…

Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава…

Koстадинов за ДПМНЕ: Нема отпор, нема храброст…

КАДЕ Е ПАТРИОТИЗМОТ, ВМРО-ДПМНЕ?! На вашата “патриотска”…

Професорот Трајковски: Владата премолчува колку скапо ќе…

Проф. д-р Дејан Трајковски, со објава на…

Моралната одговорност не се мери на избори

Премиерот Христијан Мицкоски многу добро ја знае…