Ексклузивни документи за рушењето на крстот на Шапка: Дали човек на Мицкоски го аминувал уривањето?
Крстот на Попова Шапка и денес е една од главните теми во македонската јавност, а прашањето кое се поставува е дали човек на Мицкоски го потпишал решението за уривање на крстот и дали воопшто се обидел да спречи донесување на ваква одлука.
Инфомакс доби ексклузивни документи од решението со кое Општина Тетово ја предупредува Црквата да го отстрани крстот. Како што можете да забележите на фотографиите во продолжение, во решението се предупредува МПЦ да го отстрани крстот во рок од неколку денови, во спротивно Општината ќе отпочне активности за отстранување.
По непостапувањето од страна на МПЦ за отстранување на верскиот симбол, веројатно следувало и решението за уривање на крстот кое го коментиравме во вчерашната епизода на „Тешки муабети“.
Трагично е што секретар на Општината Тетово која ќе го руши крстот на Попова Шапка е истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Коцевски, кој е коалициски договор меѓу Мицкоски и Касами, вели Милош Милошевски кој праша дали ова лице воопшто реагирало, како втор човек во Општината, да спречи не само уривање на крстот туку и меѓуверски и меѓуетнички тензии.
Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски додава дека вакво решение би морало да помине „низ рацете“ на секретарот на Општината и многу веројатко Дарко Коцевски го потпишал последното решение.
– Ниеден инспекторат, ниеден орган на Општина не може да донесе никаква одлука без потпис на секретарот на Општината. Ниту еден инспекторат не може без одлука на секретарот да преземе мерки, ниту да потпишат решение, затоа што решението го потпишува секретарот и градоначалникот. Во овој случај, Дарко Коцески веројатно го потпишал решението за уривање на крстот на Шапка, вели Митовски.
Проверивме кои се надлежностите кои ги има секретарот на Општината согласно Закон и правилниците на општините, меѓу кои е и спроведување на одлуките на Општината.
Ова се сите надлежности: Раководење со вработените во институцијата, организирање на редовни колегиуми во институцијата во која е назначен и давање упатства на раководните и другите административни службеници, особено во контекст на управувањето со човечките ресурси
Остварување на стратешкиот план, програмата за работа и буџетот на институцијата, спроведување на одлуките, заклучоците, насоките и упатствата на функционерот кој раководи со институцијата, грижа за уредноста и ажурноста во работата по предметите и вршењето на административните работи во институцијата, како и унапредување на организацијата и условите за работа, функционирањето и работата на институцијата и стандардизираните процедури на работа во
институцијата.
Координирање на подготовката на материјали и документи, кои содржат: предлози за стратешки документи на институцијата (стратешки план, програма за работа, програма за стручно усовршување, извештај за работење), совети по прашања поврзани со политиките на институцијата и со претставувањето на институцијата во рамките на јавниот сектор и пред јавноста, извештаи за раководењето во институцијата и други материјали;
Оценување на раководни административни службеници, a по потреба и на други административни службеници кои се вработени во организационата единица со која раководи.
Соработка со други државни органи, органи на локалната власт, домашни и меѓународни организации на соодветно ниво, како и со претставници на стопанството и на граѓанскиот сектор;
-Дава совети и упатства за работа на општинската администрација;
-Да учествува во работата и работните тела на општината, кога за тоа е овластен градоначалникот.
Инфомакс ја побара од Општината Тетово целосната документација во врска со уривањето на крстот, која е од јавен карактер, но засега се уште немаме одговор на барањето.
Останува отворено прашањето дали човек на Мицкоски не ја спречи одлуката, односно го аминуваше уривањето на крстот во Тетово?
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
Триесетгодишен маж од Тетово обвинет за силување
Основното јавно обвинителство Тетово соопшти дека донело…
Левица: Касами заедно со коалициското трио ВЛЕН-ДПМНЕ-ЗНАМ…
Касами заедно со коалициското трио ВЛЕН-ДПМНЕ-ЗНАМ промивира…
Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…
Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…
Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…