Објавено на:

ЕКСПЛОЗИЈА ВО ПАРИЗ: Две лица се исчезнати, најмалку 30 се повредени

t

Две лица се исчезнати, а најмалку 30 лица, од кои четворица потешко, се повредени во експлозија на улицата Сен Жак во прометниот кварт Латински во центарот на Париз во средата, соопшти полицијата, наведувајќи дека експлозијата најверојатно била предизвикана од истекување гас.


По експлозијата се урнала фасадата на зградата во која се наоѓа дизајнерското училиште на Американската академија во Париз, а пожарот зафатил и неколку околни згради.
Ројтерс јавува дека спасувачите трагаат по две лица за кои се стравува дека се затрупани под урнатините.


Очевидци опишаа заглушувачка експлозија, проследена со џиновска огнена топка која се издигна над покривите на зградите на улицата Сен Жак, недалеку од катедралата Нотр Дам и паркот Луксембург.
Припадниците на француската армија помогнаа да се воспостави безбедносен обрач околу местото на несреќата, а повеќе од 200 пожарникари учествуваат во спасувачката операција.


Обвинителството во Париз соопшти дека се уште не се знае со сигурност што ја предизвикало експлозијата, но првиот заменик-градоначалник на 5-тиот арондисман на Париз, Едуар Сивел на Твитер објави дека најверојатно се работи за експлозија на гас.
Очевидци потврдија и за француската телевизија BFM TV дека неколку моменти пред експлозијата се почувствувал силен мирис на гас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Париз се одржаа демонстрации за правата…

Неколку илјади луѓе се собраа денеска на…

Мицкоски го виде Џеј Ди Венс само…

Премиерот на Бугарија, Росен Желјазков, имаше кратка…

Пожар изби во Ајфеловата кула во Париз,…

Во тек е евакуација на Ајфеловата кула…

Унгарската амбасада во Париз добила закана за…

Персоналот на унгарската амбасада во Париз добил…

Две екcплозии во близина на изpаелcката Амбасада…

Данската полиција соопшти дека истражува две експлозии…