Објавено на:

Експресна реакција на Ѓорѓиевски: Ако на пожарот влијаел човечки фактор ќе одговара пред лицето на правдата

t

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој веднаш по добиената информација за опожарен објект во населбата Пржино, излезе на терен  заедно со општинските служби, со цел да помогне во справување со пожарот.

„Во попладневните часови изби голем пожар во населба Пржино. По добиената информација дека гори објект, веднаш со службите излеговме на терен да им помогнеме на пожарникарите и од  она што тука го дознавме е дека се работи за објект на старо училиште кое во моментов е во приватна сопственост.

Сакам да се заблагодарам на екипите на Противпожарната бригада и МВР кои и покрај отежнатите временски услови беа на висината на задачата и пожарот е локализиран и што е најважно нема човечки жртви, ниту повредени. Нема зафатени ниту други домаќинства наоколу.

Исто така сакам да изразам благодарност и на соседите кои излегоа во пресрет и ги ставија на располагање хидрантите од своите објекти. Ние како Општина, исто така на располагање го ставивме и хидрантот од градинката што е во непосредна близина.

Апелирам до МВР сериозно и до крај да го истражи овој случај бидејќи како што добив информација овде, не станува збор за постоечка инсталација која била под напон, туку претпоставувам дека се работи за човечки фактор кој влијаел да дојде до сето ова, а доколку сето тоа се потврди – да одговара пред лицето на правдата“, изјави Ѓорѓиевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРАМП ГО УКИНА ОГРАНИЧУВАЊЕТО ЗА ВОДАТА ВО…

Откако со години се жалеше на тоа,…

Запалена спортска обложувалница во Аеродром

Спортска обложувалница во Аеродром била запалена во…

Изгорела куќа на гурбетчии во Шуто Оризари,…

Вчеравечер полицијата примила пријава дека е запалена…

(Видео)Пожар во зграда до бараките на општина…

Доцна вечерва избувна пожар во близина на…

АХВ со нови мерки за водата во…

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…