Објавено на:

Екстремната десница во водство, коалицијата на Макрон на трето место – први излезни анкети за изборите во Франција

t

Партијата Национален собир на Мари ле Пен е во водство со 34 отсто освоени гласови, покажуваат првите излезни анкети по денешниот прв круг гласање на вонбредните парламентарни избори во Франција кои ги објави ТВ Франс 2.

На второто место е левичарската коалиција „Нов народен фронт“ со 28,1 отсто освоени гласови, а трета е коалицијата „Заедно“ на актуелниот претседател Емануел Макрон со 20,3 отсто освоени гласови. На четврото место е Републиканската партија со 10,2 отсто гласови.

Избирачките места во Франција беа затворени во 20 часот по денешните избори на кои право на глас имаа над 49 милиони граѓани кои бираат 577 пратеници во Националното собрание.

Вториот круг на изборите е закажан на 7 јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожар кај мостот „Близнак“ и кај Кванташки…

Повеќе штети и пожари се пријавени попладнево…

Панов: Жената врз која падна дрво не…

Жената на околу педесетина години врз која…

Паднати дрвја, оштетени возила, откорнати кровови –…

Паднати дрвја, оштетени автомобили, откорнати кровови се…

Единственото нешто што ќе се промени: Ќе…

Откако повеќе години, зградата на Владата беше…

Владата на Република Северна Македонија ги донесе…

Владата на Република Северна Македонија денеска ја…