Екс амбасадорот во Софија, Ѓорчев: МАНУ и УКИМ да се вклучат во решението за спорот со Бугарија

t

Поранешниот амбасадор на Македонија во Бугарија, Марјан Ѓорчев, во емисијата „24 анализа“ на ТВ24 вчера потенцираше дека Бугарија развила широка општествена дебата со вклучување на интелектуалците, Академијата на науките и медиумите и дека ги дефинирала црвените линии со Македонија, додека, пак, ние, како што рече, не ја проценивме добро ситуацијата и не сфативме дека треба да го сториме истото.

– Ние не ја проценивме добро ситуацијата дека истото треба да го направиме. Потоа дојде освестувањето кога почнавме да се престројуваме и да бараме модус како да се најде излез, оти се виде дека Бугарија ќе нè блокира и тука се пренасочи фокусот на нашата политичка акција на една рамнотежна состојба. Бугарите тоа го видоа и бугарските претставници создадоа амбиент во кој воочија дека нивниот приод кон Македонија е нецивилизациски. Тој дијалог мора да продолжи, иако ние не се познаваме добро, само сме блиску еден до друг. Идејата за проширување на дијалогот е добра – рече Ѓорчев.

Според него, потребно е сега да се оствари една поширока дебата за спорот со Бугарија, а во која ќе бидат вклучени повеќе важни институции и личности од земјава.

– МАНУ и УКИМ треба да се вклучат во дебатата и тоа треба да биде преку Собранието. Исто така треба да се вклучи и Сојузот на писатели, односно луѓе кои се важни чинители во македонското општество. Тоа го дозволува нашиот Устав. Можеме да зборуваме отворено и искрено – истакна Ѓорчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Пожарот во Самоков беше веднаш изгаснат…

Регионалниот центар за управување со кризи Македонски…

Хрватската полиција приведе 44 лица пред концертот…

Во очи концертот на Марко Перковиќ Томпсон…

Израелската армија бара евакуација на жителите на…

Израелската војска во вторник вечерта повика на…

4 илјади смртни случаи секоја година од…

Статистичките податоци од Светската здравствена организација покажуваат…

Мал авион се урна во австриските Алпи,…

Сите четворица патници од мал германски авион…