ЕК го поздравува ставот на Путин дека Украина може да влезе во ЕУ
Претставничката на Европската комисија, Паула Пињо, ја поздрави изјавата на рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека Русија никогаш не била против пристапувањето на Украина во ЕУ, објави порталот „Еурактив“.
„Многу е добредојдено што претседателот Путин го гледа местото на Украина во Европската Унија“, рече Пињо. Во исто време, унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, во петокот изјави дека Будимпешта сè уште не го поддржува пристапувањето на Украина во ЕУ, иако, како што нагласи, нема приговори од Москва за таков чекор.
Во август, весникот „Политико“ напиша дека Брисел очекува ќорсокакот околу членството на Украина да биде решен во наредните месеци, откако, според дипломатски извори, американскиот претседател Доналд Трамп наводно го убедил унгарскиот премиер Виктор Орбан да го промени својот став.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕК го поздравува ставот на Путин дека…
Претставничката на Европската комисија, Паула Пињо, ја…
Путин: Не гледам поента во средба со…
Рускиот претседател Владимир Путин изјави денес дека…
Зеленски: Во Украина ќе бидат распоредени илјадници…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, по денешната…
Медведев откри кои земји го зајакнуваат своето…
Финска, Норвешка, Полска и балтичките држави го…
Путин: Евентуални странски трупи во Украина би…
Русија ќе ги смета сите странски трупи…