Медведев откри кои земји го зајакнуваат своето воено присуство во близина на руска територија
Финска, Норвешка, Полска и балтичките држави го зајакнуваат своето воено присуство во близина на руска територија, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев. Медведев е во посета на Северозападниот федерален округ, за време на кој ја посети и границата на земјата со Финска.
Како што изјави, ако таму нема воени активности, тогаш изградбата на ѕидови, бариери итн. е во полн ек. „Таквата инфраструктура е погодна и за распоредување на воени единици“, рече Медведев. Оценувајќи дека ситуацијата на границата со Финска е мирна, Медведев додаде дека Хелсинки бил поврзан со Москва со илјадници невидливи нишки, но по влегувањето на таа земја во НАТО, Русија била принудена да го промени своето однесување. Рускиот функционер повтори дека Москва не се заканува никому, ниту пак се стреми кон прекројување на границите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…
Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…